Муабетот ни е, во актуелната поплава од сведоштва за траумите со него, се протнуваат и приказни кои ни се некако чудни.
На пример, онаа на Ејжа Арџенто, актуелната девојка на Ентони Бордејн. И таа деновиве обелодени дека била силувана од Вајнстин. Поточно дека тој свовремено со сила извел орален секс врз неа (?). Што, простете ни на неукоста, е прв случај на орално силување за кој сме чуле (а да бил изведен без физичка или вербална закана).
Според нејзините зборови, во текот на тој чин таа решила да се преправа дека ужива, како што вели, во надеж дека овој побрзо ќе заврши. А тоа не сè што се случило меѓу нив двајца. Подоцна имале сексуална врска за која Арџенто признава дека била консензуална. Ама па, вика таа, „мислела дека така треба“.
Оди па фати му крајот.
* од статијата „Дали после Вајнстин на ред е Оливер Стон?“