Џордан Питерсон почна и диети да „шитка“

Ако го следите човекот редовно (а ние пишуваме за него шест години), веројатно споделуваме чувство дека малку премногу го има и дека е влезен во она медиумско тркало кое од луѓето бара да се прознесуваат за сешто. На пример, Илон Маск му се пожали на стара повреда на грбот и рамото. Наместо „виде ли тоа со лекар?,“ Џордан веднаш му препорача корнивор диета (да се бута само месо). На жена му ѝ помогнало. 

Не дека Питерсон веќе нема што паметно да каже или да предупреди.

„Проучувам злосторства 40 години. Ова што денес се прави со децата (стерилизации, транзиции, унаказување...) го немало никогаш, дури и во германските концентрациони кампови. Нацистите барем ги криеја своите злодела, овие денес се гордеат со нив.“

 

26 јули 2024 - 11:13