
Galaxy Z Fold6 е премиум модел на телефон од последната генерација на телефони на преклоп од Samsung и воедно претставува еклакантен доказ за тоа како вештачката интелигенција може да го подобри нашиот секојдневен живот. Од трансформирање на фотографијата до револуционирање на мултитаскингот, ВИ функциите на овој уред се дизајнирани да го направат секој аспект од вашето секојдневие полесно, попаметно и попријатно.
Galaxy Z Fold6 со сигурност ќе биде вашиот личен асистент кога станува збор за професионално и навремено извршување на секојдневните обврски. Неговите различни и корисни функции поддржани од вештачката интелигенција Galaxy AI, ја зголемуваат продуктивноста, пред се користејќи ги предностите на големиот екран. Од стандардна големина, кога ќе го отворите телефонот добивате голем екран од 7,6 инчи на кој лесно можете да ги користите ВИ функциите кои за вас ќе преведуваат во реално време, ќе предлагаат содржини, ќе копираат текст, слики или графикони, ќе ви овозможат hands-free интерпретатор, ќе можат да ви креираат текст врз основа на клучни зборови, и уште други функции создадени да го олеснат вашето работно секојдневие.
Како дел од апликацијата Samsung Notes, новиот Galaxy Z Fold6 нуди помош во форма на опцијата Note Assist, која може да генерира преводи, резимеа и автоматско форматирање, додека сосема новата функција Sketch to Image ќе ви овозможи да создавате вистински уметнички дела. Покрај мноштвото зајакнати и подобрени ВИ функции за комуникација, интегрираната вештачка интелигенција кај овј уред ја подига и креативноста на ново ниво со функциите Photo Assist, Photo Edit и Portrait Studio. Веќе добро познатото S Pen пенкало на Samsung заедно со останатите карактеристики на уредот навистина во безброј ситуации ќе можат да го заменат вашиот лаптоп, и секако таблет.
Galaxy Watch Ultra и Galaxy Buds3 Pro – идеалните партнери на Galaxy Z Fold6
Создаден да ви даде нова перспектива за вашите спортски активности Galaxy Watch Ultra на прва ќе ве плени со својот исклучителен дизајн. Феноменалниот изглед е едноставно неодолив, а кога на тоа ќе ги додатете неговите перформанси, тој едноставно станува must-have. На неговата апликација Samsung Health во секој момент можете да следите бројни важни параметри за вашето тело, почнувајќи од показателот на нивото на енергија, односно вашиот Energy Score кој произлегува од параметрите кои часовникот ги следи како спиењето, вежбите, активностите, физичките и телесни показатели и др. Исто така, добивате и податоци за следење на срцебиењето, и тоа при различни видови на вежбање или спортови. Со 5 различни зони на следење на срцевиот ритам, ја одбирате најповолната за вас во зависност дали имате релаксирачки тренинг или сакате навистина добро „да се испотите“.
Ако сте љубител на велосипедизмот, новиот функционален праг на моќност (FTP) за возење велосипед прецизно ја мери максималната моќност на оваа активност за само четири минути користејќи FTP метрика засилена со вештачка интелигенција, дозволувајќи ви да го откријат својот уникатен потенцијал. Galaxy Watch Ultra можете да го прилагодите интензитетот на вежбањето врз основа на сопствените физички можности, но и да следи активности на повеќе нивоа, како што е триатлонот, каде што се следи пливање, возење велосипед и трчање. Без проблем можете да го користите во вода, на планини до 9000м или пак во зимски услови на -20С.
При секој тренинг многумина од нас сакаат дополнителен музички стимуланс. Поврзете го вашиот часовник или телефон со ултра-елегантните слушалки Galaxy Buds3 Pro и добивате врвно искуство за слушање, постојана удобност и интелигентно оптимизиран звук без разлика колку долго и како ги носите слушалките. Galaxy Buds3 Pro се опремени со напреден хардвер за премиум аудио искуство со адаптирана контрола на звукот (Adaptive Noise Control), функција при која алгоритам надграден со AI го анализира звукот што го детектираат внатрешниот и надворешниот микрофон во реално време, како и со двојни засилувачи за кристално чист звук во движење.
Уредите од екосистемот Samsung Galaxy се совршени да уживате во врвната технологија, а со помош на вештачката интелигенција Galaxy AI тие се прилагодуваат и на вашите навики.
(Комерцијален текст)