Целата теорија за непостоење на розовата боја се базира на тоа дека боите на виножитото одговараат на соодветните бранови должини на светлината (црвена, портокалова, жолта, зелена, сина и виолетова), а розовата не е една од нив.
За да се создаде розовата боја, потребно е да има бранова должина која ги комбинира црвената и виолетовата боја, но бидејќи такво нешто не е возможно затоа што овие две бои се на спротивните страни на виножитото, самата розова не е вистинска бранова должина на светлината.
Ова значи дека розовата боја е измислена, бидејќи не постои сама по себе.
Сепак и розовата имa луѓе за мегдан, како уредникот за технологија на Scientific American, кој розовата ја брани со истражувањата на биологот Тимоти Голдсмит.
"Бојата не е својство на светлината или на предметот кој ја рефлектира светлината. Таа е сетилна дразба која се случува во мозокот. Розовата е вистинска боја - или не е - но таа е подеднакво вистинска или не вистинска како и црвената, портокаловата, жолтата, зелената, сината и виолетовата," објаснува Голдсмит.