Првата четвртина на 2013-та и официјално ќе го снема брендот "Messinger," освен во Кина каде тој ќе продолжи да функционира како таков.
Скајп пред 2 недели додаде поддршка за контакти од Месинџер (со пуштањето на верзијата 6), а за 6 месеци тој ќе биде единствена опција за комуницирање со Месинџер контактите.
Скајп ќе ги задржи само основните опции на Месинџер, како праќање пораки и видео чет, додека други функционалности како "nudge" и слично нема да бидат пренесени.
Моментално Скајп месечно има околу 280 милиони активни корисници. Се проценува дека во текот на една година Скајп му има заработено на Микрософт околу 200 милиони долари.