Новоста беше претставена на I/O конференцијата на Гугл, се води под името Trust API, и за почеток во јуни ќе биде тестирана "во неколку големи финансиски институции", кои ќе го користат системот за идентификација на корисниците и најавување на нивните сметки.
Како што објаснува првиот човек на одделот кој го креира Труст АПИ, Даниел Кофман, целта на проектот (првично под кодно име проект Абакус) е да се укинат сите пасворди, ама не преку некоја супер-безбедна замена, туку преку "комбинирање од повеќе слаби индикатори во еден силен доказ кој покажува дека вие сте тој што тврдите дека сте."
Меѓу овие слаби индикатори има очигледни биометриски точки како формата на вашето лице или гласот, и некои помалку очигледни, како се движите, како пишувате и како го листате телефонот. Замислата е сервисот постојано да работи во позадина на телефонот и да следи дали овие индикатори одговараат на тоа како ти до сега си го користел телефонот.
Новиот систем дозволува различни нивоа на безбедност, бидејќи сервисот во позадина постојано води евиденција за тоа колку е сигурен дека ти навистина си ти. Заради ова институциите кои ќе го користат ќе можат да одредат и ниво на безбедност што ќе бараат за утврдување на нечиј идентитет.
Говорот на Кофман на годинешната I/O конференција: