Каде загуби Трамп?

Математиките беа дека колку повеќе гласачи излезат во неделата толку се поголеми шансите на Трамп да победи. Излезе рекорден број Републиканци, ама вечерта заврши со пораз за бизнисменот и победа на Круз.

Изминатите месеци Трамп не престана да ги повторува бројките од анкетите според кои тој има предност меѓу гласачите и дека подобро стои кај јавното мислење.

Според предвидувањата Трамп имаше одлични резултати меѓу гласачите со максимум средно образование. Проблемот за Трамп е што оваа демографија е само 16% од сите гласачи, останатите 84% претежно се поделија меѓу Круз и Рубио.

На ова се надополни неговата одлука да не присуствува на минатонеделната дебатата на Фокс њуз. Процената е дека околу половина од електоратот дури во последната недела ја носи одлуката за кого ќе гласа. И овие претежно се поделија меѓу Круз и Рубио.

Трамп има сериозна поддршка кај младите Републиканци, меѓутоа значително губи кај гласачите под 49 години, а згора на ова Круз има и поголема поддршка од гласачите над 50 години. Трамп како само-идентификуван умерен Републиканец, има и многу послаба поддршка од конзервативните Републиканци, а исто така има и слаби бројки меѓу религиозните гласачи.

Професорот од Принстон, Сем Ванг, имаше забелешка и на резултатите од последната анкета на Де Моин Регистер и Блумберг (златниот стандард за изборни анкети во Ајова). Според него, резултатите од анкетата (која исто така покажа наклонетост на гласачите кон Трамп) не се точни бидејќи во неа не се соодветно застапени верниците.

3 февруари 2016 - 11:37