Во Индонезија ангажирани духови за спроведување на карантинот

Равенството е многу едноставно: кој не верува во препораки од доктори, сигурно верува во духови (и слично). Штом е така, тогаш извади им духови на улица.

Волонтери во едно индонезиско село се обидуваат да ги натераат луѓето да останат дома во карантин, облекувајќи се како духови и преплашувајќи го кого било што навечер ќе излезе од дома.

Изборот на дух им е до локалниот фолклор и се вика „понконг“ а ги обележува душите на луѓето заробени во погребни прекривки.

Сите духови се од локална младинска група, и секој од нив се труди да има сопствен карактер и начин на плашење за да не изгледаат како копија еден на друг.

Индонезија нема воведено карантин на државно ниво но им дозволи на локалните власти кои ќе проценат дека тоа е неопходно да забранат излегување од дома. Земјата до сега има 4.500 заболени и 400 починати.

 

14 април 2020 - 22:01