Дилерите на дрога во фамозните суб-стандардни квартови на Рио Де Женеиро воведуваат полициски часови, односно забрани за движење, во ситуација кога расте стравот што може заразата да направи меѓу најсиромашните жители на градот.
Жртвениот биланс од коронавирусот во Бразил моментално е околу 50 лица а во фамозниот Божји град (Cidade de Deus), гангстерите патролираат по улиците за да ја спроведат забраната за движење после 20 часот.
„Воведуваме полициски час бидејќи никој не ја сфаќа ситуацијата озбилно. Останете дома и чилајте. Пораката ви е пратена. Кој се прави паметен, ќе биде казнет!“ ечи од звучниците на нивните камионети кои шпартаат по сокаците, пренесува Гардијан.
Некаде забраната започнува половина час подоцна а во фавелата Моро дос Празерес е забрането движење на повеќе од двајца. Во Комплексо да Маре на дуќаните и црквите им е наложено да го скратат работното време па само фурни работат до 23 часот а во оној куп керпичи кој се постила околу статуата (Санта Марта) дежураат членови на бандите и ги тераат луѓето да измијат раце со сапун пред да влезат во фавелата. Мало фајде од тоа, велат локалци, бидејќи во делови од фавелата има домови во кои по две недели се без вода. Полициски часови има и на Копокабана и Ипанима.
Во фавелите на Рио живеат 2 од вкупно 7-те милиони жители на градот.
******
Види и: