На билбордот главен лик е Ги Верхофстад, либерал, поранешен белгиски премиер и чест критичар на Орбан, и неговата изјава во која порачува „Немаме мигрантска криза“, додека над него има слики од терористички напади на кои пишува „Стотици луѓе загинаа во терористички напади од 2015...“
Унгарскиот државен секретар за Меѓународни комуникации и односи, Золтан Ковач, во видео објавено на Фејсбук обвинува дека камион кој бил облепен со нивните билборди бил запрен од бриселската полицијата а возачот бил уапсен.
Ковач тврди дека интервенцијата била неприфатлива и дека ништо не нелегално не било направено и дека унгарската влада исто така има право да го изразува своето мислење.
Од полицијата во Брисел го потврдуваат апсењето на возачот и дека против него е поднесен извештај само не објаснуваат по која основа.
Минатиот месец Верхофстад нарача сличен подвижен билборд, на кој како критика на Орбан беше испишано: „Прво ни ги зема парите, а сега сака да ја уништи Европа.“