Веста ја објавува Ен-би-си њуз и според нив не само што Трамп не сака да присуствува на церемонијата туку и Обама идентично не е заинтересиран да се појави таму.
Последниве 40 години традицијата е претседателите во прв мандат да го откријат официјалниот портрет на својот директен претходник. Имајќи предвид дека се работи за Трамп не треба да чуди ако реши во вториот мандат (ако го добие) да го открие сопствениот портрет од првиот мандат.
Инаку Трамп и Обама се закачени уште од времето на првиот мандат на Обама, кога Трамп поттикна и финансираше една заговорничка теорија околу потеклото на тогашниот американски претседател.
Двајцата малку се смирија во времето на предавање на власта од едниот кај другиот, но од тогаш Трамп редовно му припишува на Обама најразлични неуспеси и проблеми во САД.
Обама главно времето до сега го мина на одморање, а во спорадичните случаи кога го коментира владеењето на Трамп тоа го прави без да му го спомне името.
Во последните коментари од минатиот викенд Обама изјави „повеќе од сè, оваа пандемија целосно ја тргна завесата над идејата дека голем број од луѓето кои се на власт знаат што прават. Голем број од нив повеќе не се ни преправаат дека имаат контрола.“