Врховен судија од Стејтан Ајленд, порача дека градскиот комесар за здравство не е повикан своеволно да ги менува условите за работен однос. Во образложението на пресудата за враќање на работниците, се цитира и претседателот Бајден дека „пандемијата е готова“ и гувернерката Хочул која стави крај на вонредната состојба.
Судијата наложи градот да ги исплати заостанатите плати на 16-те невакцинирани санитарни работници од Њујорк, но од градот известуваат дека веќе ја обжалиле пресудата а правилото останува на сила.
Порцио цени дека задолжителната вакцинација за градските службеници не била донесена толку заради безбедноста и јавното здравје, туку за тренирање послушност.
„Да се работеше за безбедност и здравје, комесарот ќе издадеше налог за вакцинација на сите жители на Њујорк,“ наведува Порцио.
Градскиот комесар го имаше продолжено задолжителното вакцинирање и за вработените во приватниот сектор, но градоначалникот Ерик Адамс најави дека тој услов ќе престане да важи на 1-ви ноември.
„Нема никакво оправдување задолжителноста да остане за едни, а не и за други. Очигледно се работи за произволност и хир. Администрацијата не може различно да ги третира невакцинираните во едниот и во другиот сектор,“ резонира судијата.
Бајден не сакаше посебно да го коментира укинувањето на задолжителноста за приватниот сектор, велејќи дека е тоа „локална работа.“