Што прават белците на протестите за смртта на Џорџ Флојд?

Како што протестите и немирите се повеќе се шират низ американските градови и заедници, така на Афро-Американците се повеќе им е нејасно која е улогата на белците фокусирани чисто на вандалскиот дел од протестите.

Во повеќе наврати црнци активисти или само демонстранти, пресретнуваат и спречуваат белци да вандализираат некој дел од нивните населби и заедници.

Причина за ова е што прво, вандализирањето не им е поентата на протестите, во кои бараат прекинување на полициското насилство. Второ, затоа што на крај локалните црнци ќе бидат обвинети за целото уништување.

Она што црнците активисти го нагласуваат е дека ова поглавје и приказна треба самите тие да го испишат.
 

2 јуни 2020 - 10:33