Како што руската црква последниве децении се приближува кон руската војска така се почести се сцените во кои попови благословуваат подморници, балистички ракети, вселенски ракети и сличен хардвер.
Од пред некое време централата на руската црква реши да стави крај на ваквата навика, па на веб-страната на московскиот патријарх беше објавен документ во кој се бара укинување на оваа услуга.
„Благословувањето на воено оружје не е присутно во традицијата на руската православна црква и не се совпаѓа со обичаите,“ се наведува во документот.
Дискусијата околу новата мерка ќе трае до 1-ви јуни, а црквата ја повика и јавноста да се вклучи во неа.
Инаку како потврда на зближувањето на двете сфери, руските вооружени сили моментално градат сопствена катедрала во близина на Москва, која треба да биде една од највисоките православни цркви низ светот.