Во 2022 во Давос уште помалку избраниот неофицијален лидер на оваа алијанса, Клаус Шваб, ќе порача „иднината е оформена од нас, од моќна заедница како оваа што е во просторијава. Ние имаме начини како да ја подобриме состојбата на светот.“
СЕФ во 2020 изгласа „манифест“ во кој ја прогласи „четвртата економска револуција“ која предвидуваше дека компаниите повеќе не им служат само на своите финансиери туку и на „групите од интерес.“
„Во блиска соработка со банки, осигурителни компании и пензиски фондови, глобални институции како ОН и СЕФ ја туркаа агендата за спојување на политиката и економијата за климатски наклонет свет,“ пишува германски Велт.
Дури и пред манифестот, финансиски групации како Блекрок кои управуваат со стотици милијарди долари имот, го користат своето влијание за да ги натераат компаниите и инвеститорите да ги повлечат своите пари од индустрии со висока стапка на загадување. На Блекрок му се приклучија и другите два глобални финансиски гиганти Стејт стрит и Вангард, па компаниите низ светот се присилени да ги следат нивните насоки и барања за да не бидат исклучени од приливот на капитал.
„Се изгледаше дека е совршено составено, движењето доби пофалби од климатските активисти, меѓутоа сега изгледа дека сè е завршено,“ пишува Велт.
Блекрок одлучи да се повлече од „Нула нето“ иницијативата која беше централна климатска алијанса на повеќе од 300 големи компании чија цел беше намалување на ЦО2 гасовите на нула. На одлуката на Блекрок и претходеше повлекувањето на големи финансиски институции како ЈПМорган, Голдман Сакс, Велс Фарго, Банката на Америка и Морган Стенли.
Првите пукнатини во алијансата се појавија пред две години, кога Вангард се повлече од таму заради „разочарувачки приходи,“ а Блекрок сега своето повлекување го објаснува со тоа дека членството во истата „предизвикало конфузија околу практиките на Блекрок.“
Самиот концепт на ЕСГ (Environmental, Social, Governance) што беше промовиран од нив од старт беше збунувачки за компаниите, бидејќи тој предвидуваше дека вредноста на нивните акции повеќе не е одредена од успехот што компанијата го има кај муштериите и профитот, „туку од радикално нов критериум за оценување.“
Уште во 2019 од Блекрок коментираат дека нема посилен стимул од тоа кога компанија ќе сфати дека средствата што биле за нејзе се пренаменети за конкурент со повисока ЕСГ оценка.
Во прво време овој план одлично функционира, а дури и американските Федерални резерви го прогласуваат ЕСГ за приоритет, и се приклучуваат на агендата. По некое време и ЕУ се приклонува кон овие барања.
Паралелно со ова во САД почнува да се создава отпор кон агендата, главно откако таа почнува да ги крева цените на горивото, бидејќи по новите правила нафтената индустрија добива многу малку капитал за нови и постојни проекти.
Обвинителството почнува да ги предупредува Блекрок, Стејт стрит и Вангард дека постојат сомнежи дека исполнувајќи ја оваа агенда тие работат во најдобар интерес на нивните клиенти, и почна со поднесување тужби. Политичари почнаа да се закануваат дека ќе ги секнат државните тендери доколку компании се обесправени по основа на ЕСГ правила, а по некое време УБС ги снижува акциите на Блекрок „заради ЕСГ инвестициски ризици“.
„Фрустриран од ова, Лари Финк се дистанцира. Летото 2023, тој за прв пат објавува дека повеќе не сака да го користи терминот ЕСГ, кој според него дегенерирал во политички крик. Економистот Асват Дамодаран забележува: Финк е како пироман кој се жали за пожарите околу него,“ пишува Велт.