
Казната им ја испорачаа од министерството за јавни служби, а според градоначалничката целата работа е апсурдна. Се работи за генерацијата функционери од 2018, кога 11 жени се назначени на водечки позиции во градските власти, споредено со само 5 мажи.
„Ова е очигледно апсурдно. Плус, тоа е нефер, неодговорно и опасно. Жените мора да бидат унапредувани со решителност бидејќи се уште јазот во Франција е многу голем,“ порачала градоначалничката Ен Идалго.
Освен негодувањето околу казната, градоначалничката изјавила дека таа лично, поддржана од своите заменички и вработените, ќе ги однесе парите (чекот) за казната во министерството.