Норвешките патишта не се безбедни од козји кашкавал

Еден од главните тунели на северот на Норвешка цела недела е затворен, не заради снег, не заради стадо ирваси, туку затоа што им се преврти шлепер со козји кашкавал.

Проблемот е што откако им се превртил, целиот товар од 27 тони Brunost кашкавал и им се запалил, а целото гасење било попречено од густите токсични гасови кои излегувале од пожарот.

Полицијата објаснува дека "високата концентрација на масти и шеќери направила кашкавалот да гори речиси како бензин." Според нивни статистики ова е прв пат да им се запали кашкавал на автопат.

Возачот на камионот го забележал пожарот уште за време на возењето и го паркирал камионот на околу 300 метри пред влезот во тунелот.

23 јануари 2013 - 10:05