Неговата процена е дека „Американците уште долги години ќе ги живеат последиците од пандемијата на корона вирусот“, порачувајќи дека Американците имаат обврска да се осигураат дека промените што ќе ги донесе пандемијата ќе бидат позитивни а не негативни.
Куомо забележал дека голем број луѓе бараат одговори за тоа кога ќе заврши кризата, порачувајќи дека моментално тоа е невозможно да се знае:
„Никој не знае што ќе се случува“.
Инаку во Њујорк е мобилизирана „армија од медицински доброволци“, а властите веќе почнаа мртвите од преплавените болници да ги пренесуваат со камиони ладилници (кои инаку се користат за превоз на месо и замрзната храна).
Според Куомо, најлошото во Њујорк допрва доаѓа, и најверојатно ќе се случи кон крајот на април. За да ја пресретне оваа ситуација тој побара меѓу 75.000 и 110.000 кревети за пациенти со ковид-19 и меѓу 25.000 и 37.000 вентилатори за оние кои најтешко ќе го поднесат вирусот.
Њујорк за вчера имаше нови 7.917 заразени со што вкупната бројка во сојузната држава порасна на 83.712 случаи. Во истиот ден во Њујорк починаа речиси 400 лица од коронавирус со што вкупниот број на жртви се крена на 1.941.
САД имаат вкупно 216.357 заболени од коронавирус, и 5.118 мртви.