Дутерте е поранешен пушач, а по искуство, тие се најлоши (заедно со онакви born again christians). Тој пред две децении ги остави цигарите и алкохолот откако лекарите му утврдија две вродени болести на кои тие навики им пречат (Баретов есофагус и Бергерова болест, ако баш).
А за да им подари здравје и на своите сограѓани тој деновиве најави стриктна забрана на пушење на јавни места (вклучително електронски цигари), дури и на тротоари.
На Филипините пуши една четвртина население кои во иднина ќе мора да пазат да не запалт цигара на 100 метри од:
- училишен двор
- игралиште
- болница и друга медицинска установа
- ескалатор
- скали
- бензински пумпи
- места каде што се подготвува храна
Забраната е проследена со повик до граѓаните да се приклучат во волонтерски единици за брза интервенција кои ќе помогнат во спроведување на законот. Истото тоа го направи и кога беше градоначалник на Давао во 80-тите што беше искористено првенствено од локалните силеџии и бараби да прават што сакаат во име на спроведување на прохибицијата.
Дутерте стана глобално познат по начинот на кој директно и брутално се справи со нарко-мафијата и уличните дилери, проект во кој изгореа илјадници луѓе (што суво, што сирово) а и самиот призна дека лично одел на улица и учествувал во егзекуција на дилерите.
*******
Види и: