На Боб Гелдоф му е дојдено до Африка, само да не му наплаќаат данок

Најмалата оддалеченост меѓу Европа и Африка е 8 милји, заради што Гелдоф тоа го избира и како име за неговиот фонд чија главна цел е носење инвестиции во Африка. Пред некое време се дозна дека носењето инвестиции за Гелдоф не подразбира и носење данок во Африка.

Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (International Consortium of Investigative Journalists - ICIJ) открива дека фондот на Гелдоф се поврзува со Маурициус, озлогласениот даночен рај во Африка кој дава посебен повластен даночен третман на странски компании.

Маурициус има потпишано мрежа на билатерални договори со африканските држави кои по основа на избегнување двојно плаќање данок, ги ограничуваат (драстично намалуваат) даноците што странските инвеститори им ги плаќаат на африканските држави.

Во еден од примерите што се открива, Маурициус има договор со Уганда, каде 8 милји има инвестиција во живинарство и банкарство. Договорот на Маурициус им дозволува на инвеститорите (8 милји), целосно да избегнат плаќање на данок на капитална добивка, и покрај тоа што „остварување капитална добивка е една од основните цели на 8 милји.“

Реакцијата на луѓето од 8 милји е редење на сите заслуги за работите што ги имаат завршено во Африка, за на крај да објаснат дека секој компанија со која работат плаќа даноци колку што е побарано од нејзе, а во Маурициус стигаат пари само кога тие ќе продадат некоја од компаниите во кои инвестирале.

Секој договор против двојно оданочување е работа на владите кои го потпишуваат договорот, и ние работиме во согласност со овие договори ама не сме ние тие што ги склучуваат,“ порачуваат од 8 милји.

31 јули 2019 - 14:35