„До овој момент, нема официјална потврда од соодветните власти во САД дали овие планови навистина ќе бидат спроведени или не.
Ние ги знаеме само информациите што се објавени во медиумите,“ изјави германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер.
Претходно, на редовната прес-конференција сличен одговор имаше и портпаролот на Меркел.
Целата збунка настана откако Трамп објави директива за повлекување на 9.500 американски војници стационирани во Германија, или нешто повеќе од една четвртина од вкупниот број. Во врвот на Студената војна во 1960-те, во Германија имаше 274 илјади американски војници.
Трамп претходно во неколку наврати инсистира дека Германија мора да ја зголеми својата потрошувачка на одбрана, додека Меркел го задира Трамп на тема глобална економија и игнорирање на американското противење на изградбата на нов гасовод од Русија.