Трол на векот:

Кралицата им порача на Британците: Пак ќе се сретнеме

Оптимизмот на ваквата порака на англиската кралица Елизабета Втора до јавноста има посебна драж: жената има 94 години.

Во едно од своите супер-ретки телевизиски обраќања до јавноста, кралицата Елизабета Втора ја охрабри Велика Британија да се справи со пандемијата со самодисциплина и да ја покаже одлучноста која ја краси нацата во време на кризи.

Во нејзиното 68 годишно поседување на тронот, ова е само петто нејзино ТВ обраќање, надвор од редовните годишни појавувања пред камера за Божиќ: се појави за време на Заливската криза во 1991, ноќта пред погребот на принцезата Дијана во 1997, после смртт на кралицата мајка во 2002 и на 60 годишнината од нејзиното наследување на тронот во 2012.

„Се надевам дека во годините кои доаѓаат, сите ќе можеме да бидеме горди како сме реагирале во кризата. И дека оние кои ќе дојдат после нас, ќе кажат дека оваа генерација (која поточно? - н.з.) била силна како и другите. Дека атрибутите на самодисциплина, решавање на проблеми во добро расположение и чувството за другиот и натаму ја красат оваа држава.“

„Сме се соочувале со предизвици и порано, но овојпат е поинаку. Овојпат се придружуваме на сите нации во светот во нашата зедничка цел, да ги искористиме огромните предности на науката и нашето инстинктивно сочувство за да оздравиме - и тој успех ќе биде на секој од нас.“

„Треба да најдеме утеха во тоа дека, иако имаме уште многу да издржиме, подобрите денови ќе се вратат. Повторно ќе бидеме со своите пријатели, со своите семејства, повторно ќе се сретнеме“.

Меѓу редови, пораката ја кралицата е интонирана во имплицитни и експлицитни референци на Втората Светска Војна. „Ќе се сретнеме повторно“ алудира на песната на Вера Лин од 1939 година, песна која стана британска химна за воени времиња и симбол на Британците.

Други детали од таму:

  • Борис Џонсон заврши во болница заради ковид-19.
  • Кралицата е евакуирана од Бакингемската палата.
  • Принц Чарлс беше тестиран позитивен на коронавирус.

И Британците и ние почитуваме заебан хумор:

 

6 април 2020 - 09:31