На нецели три месеци од првите американски жртви од ковид-19, досега повеќе луѓе го изгубија животот во битката со вирусот и недоветните политички, здравствени и научни генерали отколку во двете декади на Виетнамската војна.
Тогаш на туѓ терен испогинаа 58.220 Американци, а до 28 април 2020 таа бројка на домашен терен е надмината со жртвен биланс од 58.365 изгубени животи.
Паралелите се уште пофрапантни кај другите детали: стапката на смртност од коронавирусот е значајно поголема и изнесува 17,6 смртни случаи на 100,000 жители. Во текот на 1968-ма, најсмртоносната година за американските војници, загинаа 16,899 лица, што е половина од стапката на пандемија, односно 8,5 американски војници на 100.000 Американци.
Дневен рекорд во таа војна бил 31 јануари кога загинаа 246 Американците во офанзивата Тет. Во првите 6 дена на април, од ковид-19 починаа над 2.000 луѓе.
До 24 април 2020, Виетнам има пријавено 268 потврдени случаи на ковид-19 и нема ниту еден смртен случај.