„Нема сомнеж“ дека организаторите биле дојдени со намера „да ја соборат владата“ и за тоа имале добро подготвени демонстрации поддржани со финансирање и ланец на снабдување, тврди советничката за разузнавање на канадската влада, Џоди Томас.
„Дали тие имале способност да го направат тоа, дали им било јасно колку е тоа реално, всушност е нерелевантно во однос на тоа што сакале да го постигнат.
Сметам дека на тоа треба да гледаме од тој аспект,“ порачала Томас.
За Томас ситуацијата со Конвојот на слободата целосно ги исполнувала условите за активирање на Законот за вонредни ситуации, кој со децении не е ни споменат од канадските власти, и дека самата окупација на центарот на Отава била доволна за негово активирање.
„Окупацијата на Отава беше поставена, тие имаа синџир на снабдување, имаа организација, имаа финансирање кое доаѓаше од цела Канада, ама и од други држави,“ изјавува советничката на Трудо.
Таа инсистира дека се работело за окупација од камионџиите, а не за „протест“ што според нејзе е „поедноставување на работите“.