Кина почна со фаќање сеир што на САД му се случува Хонгконг

Немајќи ни време да заборават што американски политичари ги нарекуваа протестите во Хонгконг „убава глетка“, Кинезите (меѓу другото) директно ги прашаа Пелоси и Помпео треба ли и Пекинг да ги поддржи демонстрантите во САД, како што тие ги глорификуваа демонстрантите во Хонгконг?

Кина периодов сред глобалната зафатеност со ковид-19, истера еден свој план за воведување на закони по сопствена мерка поврзани со Хонгконг. Одлуката на очекуван начин беше пречекана од САД и Западот, меѓутоа не и со очекуваната снага, главно затоа што и САД и Западот уште се тетерават со ковид-19.

Како што САД и Трамп ги осудуваа новите мерки на Пекинг, така по дома им еруптираа протестите околу убиството на Џорџ Флојд од страна на американската полиција. И ова е шанса што од неодамна разјареното кинеско министерство за надворешни работи не ја пропушти.

Портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг, ја ретвиташе пораката на својата американска колешка од пред неколку месеци, која ги повика жителите на Хонгконг да и се спротивстават на Кинеската комунистичка партија, дополнувајќи со коментар „Не можам да дишам“, што беа последните зборови на Џорџ Флојд пред да биде умре.

По ова Хуа имаше и ретвит на видео на РТ од насилствата во САД, со зборовите „Насилници и херои хипокризија“ што се однесуваше на двојните стандарди околу демонстрантите во Хонгконг кои добија поддршка од американските политичари, додека Кина ги осудуваше за нивното вандалско однесување и фрлање бензински бомби кон полицијата.

Видеото во кое американската национална гарда пука кон граѓани излезени на терасите пред својата куќа беше во топ 10 пребарувања на Веибо, а хаштагот „U.S. riot“ има 1,36 милијарди прегледи.

Во посебен коментар од неделата, кинеската државна телевизија, ЦЦТВ, порача:

„Американските политичари ги нарекуваат протестите во други држави ’убава глетка’, насекаде ги распламтуваат огновите и сакаат светот да биде во хаос.

Но кога малцинските групи во нивната земја се борат за легитимни права, тие едвај чекаат остро да реагираат. Такви лицемерни двојни стандарди се навистина одвратни.“

Уредникот на Глобал Тајмс, во серија твитови го исмеваше Трамп и други американски политичари кои претходно ги поттикнуваа протестите во Хонгконг:

1 јуни 2020 - 13:53