На говорот во Бирмингем, на кој премиерката најави дека официјалниот процес за напуштање на ЕУ ќе започне во март 2017, Меј во обид да им даде кураж на своите сонародници и малку да им смири душа, изјави дека Британија сепак е 5-та по големина економија во светот.
Меѓутоа токму одлучноста на Меј да го истера брегзит беше причина за реакција на светските пазари, по што британската фунта изгуби толку многу од својата вредност во однос на еврото што Британија падна од шестото место, и се најде зад Франција. По говорот на Меј, фунтата беше најниското ниво во изминатите 31 година.
Инаку целиот овој период Меј се обидува да го сврти вниманието на британската јавност од преговорите за брегзит, на некои домашни прашања, меѓутоа во ова нема многу помош од колегите. Во понеделникот брегзит повторно беше главна тема откако министерката за внатрешни работи предложи сите британски компании да го објават бројот на вработени странски државјани.