Одлуката на главниот уредник на Блумберг медиа е да ја продолжи дискрецијата што му ја дава на Мајкл Блумберг, и истовремено таа да ја прошири на сите демократски претседателски кандидати во 2020.
Меѓу деталите е:
- Доколку другите медиуми објават сторија за Мајкл Блумберг, Блумберг медиа „тие статии ќе ги објави во целост или ќе ги сумира за своите читатели - ама нема да ги крие“.
- Ова е истата политика што Блумберг медиа ја практикува во покривање на корпоративните ривали Си-ен-би-си и Ројтерс. Блумберг не ги истражува овие компании, но ги објавува вестите што се однесуваат на нив.
- Медиумите веќе има дедицирано новинар што ќе ја следи претседателската кандидатура на Блумберг, исто како што имаше и кога тој се кандидираше за градоначалник на Њујорк.
- Блумберг медиа комплетно го суспендира својот уреднички борд, а членовите на бордот ќе добијат неплатено отсуство за да му се приклучат на Блумберг во неговата претседателска кампања.
- Колумнистите ќе продолжат да пишуваат, но едиторијалите ќе паузираат.
Она што допрва треба да се утврди е како Блумберг медиа ќе ја истражува администрацијата на Трамп доколку Мајкл Блумберг ја освои демократската номинација и се соочи со Трамп на претседателските избори.