Јужна Африка безмилосно ефикасна против коронавирусот

Земјата до сега има тестирано вкупно 47.000 луѓе, а се организира за наскоро да може да тестира по 30.000 луѓе на ден. До сега имаат само 5 потврдени смртни случаи од ковид-19, и околу 1400 заразени. Реакцијата на Јужна Африка се опишува како „побрза, поефикасна и побезмилосна“ од најголемиот дел од остатокот на светот.

Пофалбата оди за претседателот на земјата Сирил Рамафоса и министерот за здравство Звели Мкизе, кои според Би-би-си со време ја сфаќаат вонредноста и итноста на состојбата па наметнуваат рестриктивни мерки и го поттикнуваат приватниот сектор да им помогне.

Стандардно за вака масовни подвизи, се случија и грешки во целиот процес, кои главно се сведуваа на премногу ревносното спроведување на рестрикциите од страна на полицијата и армијата. Плус, имаше одредена забуна околу новите правила и несмасност од страна на дел од министрите во земјата.

Сепак најголемиот проблем беше како да се спроведе социјално дистанцирање и ефикасна хигиена во сиромашните и пренаселени населби во Јужна Африка, во кои стандардно не може ништо да се спроведе.

Јужноафриканците прават една недела откако се под една од најстрогите изолации низ светот: без право на џогирање, без шетање кучиња, без продажба на алкохол и цигари, без излегување од дома освен за клучни потреби. Секое прекршување на овие правила повлекува затворска казна и високи парични казни.

Без разлика на досегашниот успех, министерот за здравство и понатаму е на највисоко ниво на алармираност објаснувајќи дека нацијата не треба да се опушта заради, за сега, добрите резултати.

„Она што сега го минуваме може да е и примирје пред тешка и разорувачка бура. Освен ако не се движиме брзо за кратко време ќе бидеме преплавени. Нема да има дополнително предупредување пред да започне борбата.

Нема да има време да се подготви она што нема да го подготвиме во следните седум дена,“ порачал министерот Мкизе.

3 април 2020 - 16:05