Поранешниот американски претседател и се уште значителна појава во Демократската партија, Бил Клинтон, изјави дека долгогодишното владеење на Ши Џинпинг ги затегнало односите меѓу САД и Кина, па администрацијата на Бајден и нејзините сојузници ќе мора да имаат покоординиран пристап за справување со Пекинг.
Клинтон, сопругот, изјавил и дека САД во ова ќе треба да ги ангажира своите партнери од Европа и Азија.
Според него заканата е што Ши ги укина сите ограничувања за траење на мандатот, па тоа би можело да значи дека тој ќе владее уште долги години. Минатиот месец тој најави дека до 2035 сака за два пати да го зголеми обемот на кинеската економија, што го извади од памет Западот, не по економска основа, туку затоа што тоа беше протолкувано како негова намера барем до тогаш да биде на власт.
Објаснувајќи како порано било подобро, Клинтон се присетува на времето кога „стариот кинески систем, кој во ниту една смисла не беше демократија, гарантираше дебата и отвореност затоа што имаше редовно менување на раководството.“
„Сега изгледа како главниот во Кина има намера таму да остане до крај на живот, и во суштина, тоа ги менува работите,“ порачал поранешниот американски претседател.
Тој му прати абер на Бајден да ја поправи штетата во меѓународните организации предизвикана од Трамп, како НАТО и СЗО, порачувајќи дека новиот претседател треба да ја засили улогата на САД во овие организации.
Претходно беше објавено дека тимот на Трамп размислува за радикални мерки против Пекинг што ќе влијаат на начинот на кој ќе биде перципиранa надворешната политика на Бајден кон Кина. Како што изјави портпаролот на Безбедносниот совет на САД „ќе биде политичко самоубиство за идните претседатели на САД да ги поништат историските мерките на претседателот Трамп.“