Холандија воведе затворски казни за имигранти што одбиваат депортација

Холандија одобри реформа со која предвидуваат затворски казни за илегални имигранти кои одбиваат да соработуваат со властите и ја одбиваат наредбата за депортација. Се прошируваат условите во кои органите може да прогласат некое лице за „непожелно“ и времето на задржување во притвор за да се утврдат околностите за делото поради кое биле уапсени.

Казнените мерки се дел од нов закон чија цел е да се заострат депортациите и да се олесни заминувањето на странците кои немаат право да престојуваат во земјата.

Имигрантите кои се предмет на постапка за депортација, се обврзани да доаѓаат на интервјуа пред службите за имиграција или да аплицираат до за патни исправи до амбасадите на нивните матични земји. Доколку некој странец продолжи да ги одбива овие обврски и по добивањето на официјално барање за депортација, ќе се соочи со кривични санкции.

Законските измени, исто така, ги прошируваат случаите во кои властите можат да прогласат странец за „непожелно лице“ – административна категорија што наложува тој веднаш да ја напушти холандската територија и да му се забрани враќање. Оваа мерка може да се примени врз поголем број имигранти кои вршат кривични дела и предизвикуваат сериозно нарушување на јавниот ред и мир, како учество во грабежи или напади.

Холандската влада објаснува дека претходните правни механизми не биле доволно цврсти за да ги спречи странците да се противат на депортација, и покрај тоа што го изгубиле правото на престој.

Ги користиме сите средства за да го подобриме процесот на враќање на луѓето кои не можат да останат овде“, изјави министерот за имиграција и азил Барт ван ден Бринк.

Друга измена ќе им овозможи на полицијата и холандската кралска жандармерија да задржат странец до девет часа за да го потврдат неговиот или нејзиниот идентитет. Претходната рамка од шест часа овозможувала некои луѓе да бидат ослободени од притвор пред да завршат проверките.

13 ноември 2026 - 13:06