Синоќа му се јавив на Доналд Трамп, му честитав на победата и му понудив да работиме заедно за доброто на нашата земја.
Се надевам дека ќе биде успешен претседател на сите Американци.
Ова не е резултатот на кој се надевавме и за кој толку многу работевме. Знам колку сте разочарани, и јас сум. Така е со десетици милиони Американци кои ги вложија своите надежи и соништа во нашиот труд. Болно е и ќе боли долго време, но сакам да запомните една работа:
Нашата кампања никогаш не беше за една личност, беше за земјата која ја сакаме и за градењето на Америка која ќе биде надежна, отворена и со големо срце.
Сега гледаме дека нашата нација е поподелена отколку што мислевме. Но јас и сега и секогаш ќе верувам во Америка. Ако го делите тоа со мене, ние мораме да го прифатиме овој резултат и да одиме понатаму.
Доналд Трамп ќе биде нашиот претседател. Му должиме отворен ум и шанса да води.
Во својот говор Клинтон потсети дека уставот не бара учесто во демократијата само на избори, туку постојано. Посебно им се заблагодари на Барак и Мишел Обама на кои им порача дека земјата им должи многу, за лидерството и довербата кон САД на која работеа.
"Цел живот сум се борела за она во што верувам. Некогаш сум победувала, некогаш сум губела. Овој пораз боли. Но, никогаш не заборавајте дека борбата за она во што веруваш вреди", им порача Хилари на младите.