ЕУ немаат проблем Кина да им цензурира колумни

ЕУ амбасадорите сакаат на сите да им порачаат дека нема ништо страшно во тоа што дозволиле кинеските државни медиуми да избришат дел од нивна колумна, веројатно затоа што Кина не сака цел свет да ја збори како извор на коронавирусот, а ЕУ моментално има некоја слабост во колена па не би да и го крши меракот на Кина.

Во колумната потпишана од 28 амбасадори, по повод 45 години од воспоставување на врски меѓу двете страни, првично пишува: „Избивањето на коронавирус во Кина, и неговото последователно ширење низ остатокот од светот во изминатите три месеци, значеше дека нашите претходни планови се привремено паузирани“.

Оваа реченица од почетокот до делот „остатокот од светот“ магично не се појави во колумната објавена во Чајна дејли, државниот дневен весник на англиски јазик.

Откако ова се случи делегацијата на ЕУ нормално прво изрази жалење што колумната не е објавена во целост, ама па изрази и разбирање и благодарност затоа што „објавената верзија и понатаму ги опфаќа проблемите како климатски промени, еколошка одржливост, човекови права и мултилатеризам.“

ЕУ, чија првична прокламирана цел за основање беше светските сили да не можат да ги шуткаат европските држави, со текстот се најде сред рвањето меѓу САД и Кина околу тоа од каде и како започнал коронавирусот и ризикуваше пак да и се случи неочекуван дефицит на медицинска опрема, меѓу другото.

8 мај 2020 - 10:27