Дутерте со анти-нарко мерки ќе спроведува карантин на Филипини

Како што имаат право на лице место да убијат нарко-дилери, така властите на Филипини сега имаат право на лице место да убијат секој што ќе се побуни или ќе се обиде да го наруши делењето храна за време карантинот во земјата.

Мерката беше итно воведена неколку часа откако стотина граѓани од едно сиромашно предградие на Манила излегоа и протестираа на улица барајќи храна од владата, меѓутоа беа растерани од полицјата за нарушување на карантинот во земјата.

Локални функционери објаснија дека пред протестот неидентификувано лице раширило информација дека на граѓаните ќе им се дели храна и пари, заради што тие излегле од дома.

„Моите наредби до полицијата, до војската и локалните власти се: ако има раздвижување, ако ви враќаат и сметате дека има ризик за вашиот живот, застрелајте ги на лице место,“ објави Дутерте во телевизиско обраќање до нацијата.

Филипини имаат 2.311 случаи на коронавирус, и 96 пациенти кои до сега умреа од болеста.

2 април 2020 - 10:32