За да се случат овие катастрофи потребно е температурата на планетата да порасне за само 1 Целзиусов степен над пред-индустриските температури. Проблемот е што ако човештвото ги потроши сите свои резерви на фосилни горива температурата ќе порасне за повеќе од 10 степени, а нивото на морето за десетици метри.
Дури и половина од ова затоплување би создало планета која нема ни најмалку да наликува на онаа во која луѓето еволуираа и во која ја изградија својата цивилизација.
"Последниот пат кога беше 4 степени потопло немаше мраз на ниту еден од половите, а морското ниво беше десетици метри повисоко," пишува Петер Бранен за Вајард.
Метју Хубер, палеоклиматолог од Универзитетот на Њу Хемпшир, објаснува дека без разлика дали ќе се случи масовно изумирање, "човековата зависност од застарена и неадекватна инфраструктура - од која најприсутна е електричната мрежа - во комбинација со границите на човековата физиологија е она што може да доведе до крај на светот."
"Проблемот е што луѓето денес не можат да издржат ниту една жешка седмица без редовно паѓање на електричната мрежа," порачува Хубер.
А ова е само почеток на проблемите.