
Малото канадско рударско гратче Азбест реши да се ребрендира откако суровината по која го добило името неповратно ја изгуби некогашната репутација на волшебен минерал и стана асоцијација за рак.
По ново, 7.000 луѓе од тоа место во Квебек, 150 километри источно од Монтреал, ќе се кажуваат дека живеат во Долината на изворите.
Било организирано гласање на кое можеле да учествуваат и млади од 14 години а новото име во третиот круг го добило потребното мнозинство гласови за да биде прифатено (гледате колку се глупи Канаѓаните?).
Гратчето цел век живеело од површинскиот коп на азбест во негова близина, минерал кој своевремено беше драгоцена суровина во градежништвото, за изолација, кровови и засилување на цементот, но од средината на 20-от век почнува загриженоста околу него поради сè побројните студии дека неговото вдишување е канцерогено.