Британскиот модел на биоенергетски ресурси, објавен кон крајот на летото, пресметал дека само со масовно зголемување на увозот на енергетски сировини и дрво од прилично изненадувачка листа на држави би го задоволило планот на Обединетото кралство да ја постигне посакуваната нула емисии на штетни гасови.
Во стратешки документ објавен лани а очигледно усвоен и од новата лабуристичка влада, владата на Сунак порачува дека биомасата мора да игра „значајна улога“ во декарбонизација на сите економски сектори до 2050 година. Претходните администрации обезбедија повеќе од 20 милијарди фунти за бизнисите кои користат биомаса за електрична енергија и топлина.
Околу една третина од биомасата која ја користат им е од странство. Најмногу, околу 76%, од Северна Америка (за тој сегмент, пишуваваме во статијата Валканиот бизнис на чистата енергија). 18% е од ЕУ. Но, тоа не е доволно за амбициозниот план.
Затоа, сметаат на значителни количини на земјоделска и шумска биомаса од земји како Северна Кореја, Авганистан, Бутан и Малдивите.
Таквиот модел не навлегува во објаснување како задоволувањето на енергетските потреби на нивната земја ќе ги испусти земјите добавувачи, како ќе го влоши уништувањето на шумите во земји како Бразил или пак како ќе затвори нос за диктатура како што е Северна Кореја. И како тоа воопшто значи одржливост на планетарно ниво.
Но, тоа не е сè.
Како што спомнавме во наведената статија, најголемата електрана во Британија, Дракс, која прави струја пелети произведени во САД е одговорна за четири пати повеќе емисии на јаглерод од последната преостаната централа на јаглен во земјата која беше затворена минатиот месец.
Јака стратегија.