Штом чуе плачење мозокот веднаш го активира и го подготвува нашето тело за да му помогнеме на бебето, без разлика дали сте му родители или не.
"Звукот на плач од бебе го привлекува вашето внимание како ретко кој звук во природата," објаснува Кејти Јанг, шефицата на истражувањето спроведено од Универзитетот Оксфорд.
Во основа на испитаниците им биле пуштани најразлични звуци и потоа се следела нивната реакција во идните 100 милисекунди. Најинтензивна реакција била добиена на плачењето на бебињата.