Пред да биде затворен, на профилот се објавени над 200 слики, со имиња и наводните сексуални активности на девојчиња од градот кои се на возраст од 13 до 14 години. Тинејџерката обвинета за започнување на профилот одбила да признае дека таа е сопственикот. Во моментот на гасење на сметката, таа имала околу 8.000 следбеници.
Од Инстаграм целата работа потоа се префрлила на Фејсбук, каде биле објавени истите слики и обвинувања. Во исто време отворена е и втора Фесјбук страна која повикува на организирање на толпа пред училиштето на 17-годишното девојче за кое се верува дека е сопственик на Инстаграм профилот.
Пред училиштето (Plusgymnasiet) се собираат околу 600 средношколци кои таму се пречекани од полицијата која од утрото е распоредена пред влезот и околу зградата.
Девојката што сите ја бараат со време била тргната од училиштето.