Шведска и Германија, непишаните клошари на САД

Како олицетворение на перцепцијата за европскиот социјализам, Шведска и Германија (посебно првата) постојано се наведуваат за светли примери на богати држави со високи даноци. Кога овие две фискално би се премериле со сојузните држави кои го сочинуваат САД, ништо не би било ни приближно така светло.

Пресметано по средишен приход (не просек, туку средишен приход чија сума на две еднакви групи ги дели приходите поголеми од неа и приходите помали од неа) Шведска со 27.167 долари би била посиромашна од сите освен 12 сојузни американски држави. Во оваа споредба се земени предвид и даноците, а социјалните бенефиции (јавно здравство, социјална помош и сл) се пресметани како приход.

И ова не важи само за Шведска туку со исклучок на Луксембург, Норвешка и Швајцарија, речиси ниту една членка на ОЕЦД не би можела да се квалификува меѓу американските држави со високи приходи.

 

На пример Мисисипи која е последна во САД со 23.017 долари има повисок средишен приход од Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Јапонија, Кореја, Португалија, Словенија, Шпанија и Обединетото Кралство, сите под 23.000 долари.

Германија со средишен приход од 25.528 долари, по оваа ставка е подобра само од 9 сојузни држави.

Доколку за САД би се направила попрецизна математика во која трошок на живот наместо да се смета на национално ниво, се сведе на регионално, значително би се зголемила разликата во однос на остатокот од ОЕЦД. По ваквата калибрација и Германија е под средишниот приход на Мисисипи.

 

30 октомври 2015 - 16:04