Проблемот на Аткинсон е "морничавата култура на цензурирање" и "новата нетолеранција" на Законот за јавен ред.
"Јасниот проблем со забранувањето на навредата е дека премногу работи можат да се протолкуваат како навреда. Критиките, исмејувањето, сарказмот, едноставното изразување на алтернативна гледна точка во однос на ортодоксното, може да биде протолкувана како навреда," објаснува Аткинсон.
Забелешката во најголем дел се однесува на премногу ревносното толкување на членот 5 од законот, кој забранува заканувачки или навредливи зборови или однесување.
По овој закон, во притвор е 16 годишно момче заради држење плакат на кој пишува "Скиентологијата е опасен култ" и активист за геј права, кој протестирал против една британска исламистичка организација и нејзиниот став против геј популацијата, Евреите и жените.