Јавноста има право на пристап до меиловите и СМС-и за државни зделки и прашања дури и на приватните телефони и интернет акаунти на државните и локалните службеници, едногласно реши Врховниот суд во Калифорнија.
Според ваквата одлука, ваквата комуникација е подеднакво подложна на увид и не заштитена со принципите на приватност само затоа што се одвивала на лични телефони и меилови.
„Ако комуникацијата која се одвива преку лични апарати и профили сосема ја исклучиме од регулативата (California Public Records Act), државните службеници ќе можат да ги скријат најсензитивните и потенцијално штетни содржини токму преку тие средства“, стои во писменото образложение на одлуката.
Оние што мислат поинаку не планираат да ја обжалат одлуката на судот но предупредуваат дека решението има и практични но и далекусежни последици.
„Прашање е како ќе ни биде достапна таквата комуникација а истовремено да избегнеме да создадеме држава која ќе биде претерано присутна? Бидејќи не очекувам тие лица сами да ги предадат своите телефони на кои имаат чувствителни теми“, вели еден од опонентите.
Со други зборови, кваката е во следново: за да избегнеш некој во име на државата да прави матни зделки и криминали, треба да ја овластиш државата да биде едно големо уво.
Во доста американски држави, содржината од приватните линии на комуникација веќе е достапна содржина доколку се однесува на државни проекти. Но остануваат и аргументите на другата страна, дека барањето секој службеник да ѝ ги дава пасвордите од своите приватни меилови на државата е исто како од нив да се бара да ги предаваат и клучевите од дома.