Метеорити го рокаат Урал

За првите видео снимки се мислеше дека се интернет измама ама потоа се намножија извештаи дека метеорити сериозно удриле во руската област Урал. Контроверзни извeштаи околу штетите, тврдат дека стотина лица се повредени. Еве како изгледа тоа.

со звук:

Метеоритот или повеќе од нив удриле во околината на Чељабинск, град кој се наоѓа на 1.500 километри источно од Москва. Добар дел од објектот се спржил за време на паѓањето. Се наведува дека парче паднало врз покрив од една фабрика за цинк и довел до прекин на комуникациите во областа. Се известува и дека од страшната експлозија испукале и прозорци од згради и училишта. 120 луѓе побарале медицинска помош.

15 февруари 2013 - 08:41