Се на се, пред и по скокот Ред Бул доби медиумска присутност со вкупна вредност од неверојатни 6 милијарди долари, тврдат австриските аналитичари на брендови.
Од друга страна, Еуробренд проценил дека вредноста на брендот Ред Бул која до сега беше 14 милијарди евра, по скокот пораснала на 17 милијарди.
Инаку, Феликс веројатно нема да стане милионер по скокот од вселената. Тој веројатно ќе остане на партнерството со Ред Бул, бидејќи тој веќе се идентификува со овој бренд и тешко дека некоја друга компанија би сакала да работи со него.