Кенија ги прекина изборите заради преголем одзив

Изборните тела во Кенија не очекувале толкав одзив па испечатиле помалку гласачки материјал од што е потребно. А како да не биде одзивот голем кога локалните шерифи давале дури по два долара од човек за да гласа за него.

Во 21 од 47 општини во Кенија изборите биле прекинати откако изборните комисии утврдиле дека немаат доволно ливчиња за сите оние кои излегле да гласаат на прелиминарните избори.

На вакви избори досега не се случувале масовни одзиви па овие отпечатиле материјал „колку да има“. Проблемот е што откако пред неколку години, со помош на Запад на која Кенија им е важен африкански сојузник се воведоа општини и територијална поделба за да „се јакнат капацитетите на локалната власт“, во земјата всушност експлодираше политичката корупција заради новите локални моќници и нивната спремност да господарат со општинските буџети по секоја цена.

Предизборните трки минаа со вакви сцени, кога млади луѓе весело играат на митинзи држејќи новчаница од 200 шилинга (два долара) кои ја добиле за да бидат дел од гласачкото тело. 

 

26 април 2017 - 10:07