Едeн ваков пример е кога разведениот маж се соочува со високи алиментации, дури и во ситуација кога бишите сопруги се способни да заработат доволно. Дури и кога привремените алиментации имаат смисла - како кога сопругата ја напуштила работата за да ги одгледува децата - тешко е да се разбере потребата од доживотни плаќања. Еден од таквите сопрузи вели: „Теоријата зад оваа одредба била добра во педесетите, кога жените биле главно домаќинки и останувале дома. Но денес ова изгледа како непотребно инсистирање на ретроградните родови улоги, кое во случајов им штети на мажите."
И ова не е единствениот случај во кој мажите страдаат од родова дискриминација. Дејвид Бенатар, во неговата книга „Вториот сексизам", дискутира цел опсег на други начини на кои мажите се заебани. Мажите, на пример, добиваат старателство над децата во само 10% од случаите на развод во САД. Тие се, како што пишува Бенатар, жртви на „долга историја на социјален и правен притисок..да учествуваат во војни" - притисоци кои не важат за жените. Исто така, физичкото насилство врз мажите често се минимизира или на него се гледа како нормално. Историјата на телесното казнување повеќе се однесува на момчињата отколку на девојчињата. Силувањето во затворите, кога е насочено кон мажите, често е тема на забава и потсмев, а не на сериозна дискусија.
Она што е интересно е дека сепак мажите не се во толку голема мера жртви на сексизам кога се во прашање жени, или жени-феминистки, туку на други мажи. Мажите не страдаат затоа што улогата на жените во светот се менува, ниту пак затоа што феминизмот им ги измил мозоците на сите избрани политичари. Тие страдаат поради истите родови стереотипи кои ги повредуваат и ограничуваат жените: дека тие треба да бидат пасивни, дека нивните можности за вработување и автономија треба да бидат ограничени, и тие да бидат фетишизирани кога е во прашање сексуален напад или експлоатација. Мажите пак стереотипно треба да бидат активни и насилни - во тој случај и врз насилството насочено кон нив се гледа како на нешто „нормално".
Жените се борат против сексизмот долго време. Ако мажите можат да научат нешто од нив, тоа може да биде корисно за сите.