Со уникатна капа со реси на глава која потсетува на винтажен абажур и соодветна сатенска наметка во сенф боја завиткана околу неговите нежни рамења, претседателот на Европскиот совет се сликаше не за забава туку за почесен докторат.
Аутфитот му го подготви шпанскиот универзитете Сан Пабло кој го почасти 66 годишниот Херман Ван Ромпуј со почесна академска титула. Бил одржан и почесен говор, претпоставуваме неуспешно сериозен, по што Ромпуј заминал на комеморацијата на Мандела, за среќа, во цивилка.