9. Пренаселеност или еколошка пропаст
Класично сценарио, кое веќе малку е излезено од мода. Оваа можност прв ја споменува Том Малтус пред повеќе од еден век и целата работа е прилично едноставна: се раѓаат премногу луѓе, ги трошиме ресурсите на планетава и биосферата колабира. Започнува масовно изумирање на се и сешто, тие што не умираат гладуваат. Талкаме низ урбаните пустелии и бараме знаци на живот. Притоа им раскажуваме на новите генерации како нашето невнимание и алчност уништиле се.
Сценографија: неиспрани толпи народ, индустриска позадина, без знаци на зеленило или живот наоколу.
8. Инвазија на вонземјани
Ова е нај алиби варијантата за човештвото. По неа, ние како род сме добри и толку многу сме ја пазеле планетата што сега суштества од други планети сакаат да дојдат и да направат инвазија. Сценариото не предвидува уништување на светот (како War of the Worlds), туку повеќе оди кон уништување на човештвото (Independence Day).
Сценографија: Изгорена земја, наоколу лигави вонземјани, кои управуваат со смртоносни машини. Многу ласери.
7. Судир со небеско тело
Уште едно од алиби сценаријата. Не е по наша вина астероид удира во планетата. Нема ништо што ние можеме да направиме за да го избегнеме ударот. Едноставно се случува, тоа е тоа.
Сценографија: џиновски бранови, уништени згради, земјотреси.
6. Катастрофално глобално затоплување
Глобалното затоплување не ни бега. Проблемот е ако тоа стане поужасно отколку што мислиме: Арктикот се топи, морињата растат, огромни делови од Африка и Азија се премногу топли за живеење. Човештвото мора да се справува со стотици милиони бегалци, започнуваат нови конфликти околу ресурси, системот за производство на храна пропаѓа. Градовите се поплавени (не баш како Waterworld, ама нема да биде пријатно).
Сценографија: поплавени градови, распукани пустини. Глечери се топат, белите мечки се збунети.
5. Глобален дефект на технологијата
Сето она што денес е достапно и што ни го олеснува животот во еден момент престанува со работа. Машините седат неподвижни, светлата се гасат, општеството повеќе не функционира и господарите на војната контролираат се. Започнуваат немири и пљачкосувања. Се бориш за храна и нафта (во зависност од несреќата што ќе не попадне). Без технологија цивилизацијата комплетно се распаѓа, а ние сме оставени во свет кој истовремено е и идиличен и варварски.
Сценографија: рурални фарми, сурови господари на војната, банди.
4. Глобална превласт на технологијата
На сосема спротивната страна на пропаста е превласта на технологијата. Обично сценариото е машините стануваат попаметни од луѓето. СкајНет ја активира армијата роботи кои ја чистат планетата од човештвото. Дронови, терминатори, компјутери се здружуваат за да ја осигурат доминацијата.
Сценографија: луѓе робови работат во фабрики за роботи. Последниот отпор на човештвото од разрушените згради се обидува да им се спротивстави на новите господари.
3. Зараза / Зомби апокалипса
Зараза опфаќа цел куп на ситуации од биолошки мутации до зомби апокалипса и обична епидемија. Започнува ширењето на болеста. Се пренесува од човек на човек. И умрените стануваат опасност за нас. Карантинот не успева. Лешеви ги покриваат улиците. Болестите ни се сериозен проблем бидејќи тие не потсетуваат колку сме меѓусебно преплетени - зборуваме, се дружиме, делиме јавен простор еден со друг. На крај, заразата ги искористува нашите човечки врски.
Сценографија: купишта и купишта човечки лешеви. Преживеаните се кријат во магацини.
2. Нуклеарен холокауст
Ова е најбрзиот крај на човештвото: паѓаат бомби, се издига печурка над сите нас и толку беше. Паранојата околу нуклеарните бомби малку е попуштена од времето на Студената војна, ама не премногу. Се уште тука се Иран и Израел и Пакистан и Индија и Русија и САД, сите со нуклеарни бомби свртени еден кон друг. Останува да се плашиме од најголемата закана за човештвото што човекот некогаш ја изградил.
Сценографија: ништо не останува.
1. Апокалипса
Доаѓаат четворицата јавачи и почнуваат да го чистат светот. Ова е ултимативното апокалиптично сценарио, од кое се плашат најголем број на луѓе. Добрите се спасени, лошите одат во пеколот, тие што се измеѓу завршуваат во чистилиштето. Лесно и комфорно е, плус има некаква морална смисла. Ова е сценарио со кој голем број од луѓето можат да се помират. Ова е сценариото на кое мислиме кога ќе се умориме од мислење на сите други можни решенија.
Сценографија: Исус, најразлични чудовишта од Откровението по Јован.