Американската војска има потреба од околу 160.000 младинци од популација од 30 милиони кои ги исполнуваат условите за регрутација. Но по две децении војна - и двете со неуспешен крај - и ниска невработеност, голем број експерти веруваат дека сме пред крајот на целосно волонтерска армија. А и американската доверба во војската е ниска.
Најбрз и најефикасен начин да се реши кризата со регрутирање е да го смениме начинот на кој се регрутира.
Наместо „или целосно волонтерски сили или целосно мобилизирани сили“, предлагам мешано решение.
Треба нашите воени регрутери да запишуваат нови војници 11 месеци годишно, и потоа службите да ги мобилизираат останатите што ќе ја покријат разликата меѓу воените потреби и вкупниот број на регрутирани.
Овој модел ќе го крене неверојатниот притисок што го чувствуваат нашите регрутери, ќе го намалат трошокот на наоѓање нови војници, и значително ќе го намалат критикуваниот цивилно-воен гап со тоа што целата американска младина - и богати и сиромашни - потенцијално ќе може да завршат на служење воен рок.
Вака зголемениот јавен интерес може да доведе и до зголемен јавен притисок за да се спречат војните без крај кои ги водат високи функционери што не одговараат пред никого, како што искусивме во нашите национални дебакли во Ирак и Авганистан.
Иако има бројни причини за сегашната криза со регрутирањето, најбрзото и најдобро решение лежи кај веќе постојниот Систем на селективно служење. Тоа очигледно би претставувало сеизмичка промена, имајќи ја предвид скорешната историја на воена мобилизација.
Во 1973 беше укината мобилизацијата со воведување на целосно волонтерска војска, што главно се должеше од истоштеноста на американската јавност од дебаклот во Виетнам; систематски нееднаквости во мобилизацијата (пример, побогатите Американци може да избегнат служење); и фактот дека обемот на популацијата е станат толку голем во однос на воените потреби, што мобилизацијата стана излишна.
Иако целосно волонтерска војска влијаеше на намалување на проблемите со дисциплина и професионализација на војската, таа исто така создаде обемен гап меѓу американските граѓани кои служат - практично креирајќи каста на воини која сега потсетува на повеќегенерациски семеен бизнис отколку на организација што го претставува вистинскиот состав на демократската република.
Воведувањето на целосно волонтерска војска исто така доведе до тоа да се потрошат неверојатни ресурси од човекова сила и пари на изградба на машинерија која ќе ја привлече американската младина да служи. Имајќи предвид дека чини околу 15.000 долари за да се регрутира еден човек, годишниот трошок ја надминува сумата од 2 милијарди долари.
А регрутирањето растеше и паѓаше заедно со националната стапка на невработеност.
Причините за ова се бројни, а и политичарите и нашето национално раководство ја сносат вината.
Речиси цела деценија, немоќни политичари, користејќи ја војската како палка за пресметување со своите противници, го влошија се понегативното јавно мислење кон војската и покрај тоа што таа го уништи меѓународниот тероризам и спречи уште еден голем напад врз нашата татковина цели 22 години.
И покрај овој успех, во 2023, сите родови освен маринците се на пат да не ги исполнат своите цели за регрутација. Во 2022, само Армијата беше кратка за 15.000 нови регрути.
Потребите на нацијата мора да се исполнат, а нашето раководство мора да биде мудро за да ја засили идејата дека воена служба е важна должност која доаѓа со државјанството.
Иако мобилизацијата секогаш било контроверзно прашање, хибриден модел би ја олеснил сегашната криза што војската ја има со луѓе, би ја зголемил поврзаноста меѓу американската јавност и нејзината војска, и би бил поодговорен кон парите на даночниците.
Дупките во нашите воени формации се и празнини во нашата национална безбедност.