Забна сензитивност е привремена забна нелагодност или болка што се чувствува по јадење ладна храна, пиење студени пијалоци или при дишење ладен воздух. Ако не постои забен кариес или воспаление на пулпата (нервот), а забите сепак се осетливи на топло, ладно или на слатко или за момент чувствуваме остра болка при четкање на забите или кога ги чистиме со конец за заби - станува збор за забна сензитивност.
Исто така, болката може да биде знак дека користите остра и неквалитетна четка за заби или пречесто џвакате мастики кои ја нарушуваат нормаланта киселост во оралната празнина и се создаваат забни наслаги. Додека чекате термин кај вашиот стоматолог да ве советува и да ви ја овозможи потребната нега, користете мека четка и паста наменета за чувствителни заби, а за брзо решение и избегнување на непријатната забоболка земете Налгесин С.
Ако забоболката е ненадејна, остра и тешко поднослива, причината може да биде поврзана со напукнатини во забите, кариес или инфекција. Во секој случај, болката е сигнал дека треба веднаш да посетите стоматолог за да се избегнат понатамошни компликации.
Понекогаш интензивната болка во оралниот апарат не е предизивикана од забите. Една поретка, но значајна причина за болка во забите е восполение на синусите. Овој вид на забоболка обично е придружуван од назална конгестија и чувствителност во пределот на синусите.
Ако идентификувате болка во вилицата, може да е предивикана од директна повреда или траума на вилицата. А не е исклучена и можноста да продираат умници, што често пати е долг процес проследен со непријатна болка. Доколку имате низок праг на толернација на болка, ослободете се земјаќи Налгесин С - брзо решение со долготрајно дејство кое за само 15 минути се апсорбира во организмот.
Без оглед на видот и интензитетот на забоболката, најдобро е да се јавите кај вашиот стоматолог. Причините за забоболки не се секогаш јасни и убедливи за поставување на дијагноза. Можеби ќе се оддолжи последователниот, стоматолошки третман, а во меѓувреме не трепете болка.
(комерцијален текст)