Сите оние што онлајн ќе купат полиса за осигурување на домот преку интернет-продавницата на Еуролинк осигурување во период од 9. ноември до 6. декември ќе имаат можност да освојат едно од четирите зимување на Банско и да уживаат во својот зимски одмор.
„Првпат во Македонија овозможуваме осигурување на домот онлајн на едноставен, брз и лесен начин. Токму оваа убава вест сакаме да ја споделиме со сите граѓани и затоа организираме наградна игра во којашто ќе продолжиме со изненадувања и со наградувања токму пред Нова година со четири зимувања во Банско. Покрај наградната игра, обезбедуваме и дополнителен попуст од 10% за секоја онлајн-купена полиса за осигурување на домот“, изјави Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк осигурување.
Среќните добитници ќе се извлекуваат по случаен избор секоја недела, а имињата ќе бидат објавени на официјалната интернет-страница и на „Facebook“-страницата на Еуролинк.
За повеќе околу Правилата за наградната игра информирајте се на интернет-страницата на Еуролинк осигурување: www.eurolink.com.mk и www.facebook.com/eurolinkmk.
Со почит,
Еуролинк осигурување.
(комерцијален текст)